Намален бројот на одобренија за градење

34

gradenje-kukja-pixabay

Фото: Pixabay

Во јуни оваа година се издадени 230 одобренија за градење што е за 16,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.806.255.000 денари што е за 13,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 158 (68,7%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (8,3%) за објекти од нискоградба и 53 (23%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 230 објекти, на 155 (67,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (32,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68.433 метри квадратни.