Намален бројот на превезени патници со автобуси

9

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 20.796.000 во четвртото тримесечје од 2019 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3,5%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1,7%, додека во приградскиот превоз е намален за 5,3%, во меѓуградскиот превоз за 24,2%, а во меѓународниот превоз за 24,5%.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 13,2%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,1%, додека во приградскиот превоз е намален за 3,4%, во меѓуградскиот превоз за 23,3%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21,9%.

Фото: Pexels