Намален бројот на работници во индустријата во јули

21

Бројот на работници во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 1,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3%, Капитални производи за 9,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на периодот јануари – јули 2015 година, е зголемен за 0,9%.