Намален бројот на туристи во мај

18

Фото: Pixabay

Бројот на туристи во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,8%, а бројот на ноќевања е намален за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година изнесува 98.998, а бројот на ноќевањата изнесува 205.356.

Бројот на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 4,1%, а бројот на странските туристи е намален за 5,2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018 година, е намален за 11,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1%.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,6%, а кај странските има намалување за 1%.

Во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,3%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,4%, а кај странските има намалување за 0,2%.