Намален бројот на туристи во март

12

turist-ranec-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 3,5%, а бројот на ноќевањата е намален за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во март 2017 година изнесува 43.033, а бројот на ноќевањата изнесува 91.532. Бројот на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 4,3%, а бројот на странските туристи е намален за 3,1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2017 година, во однос на март 2016 година, е намален за 11,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,2%.

Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,%, а кај странските има зголемување за 6,9%.

Во периодот јануари – март 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,8%, а кај странските има зголемување за 11,3%.