Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули

28

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2019 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на јуни 2019 година и изнесува 21,2, а во однос на јули 2018 година е зголемен за 1,3 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2019, во однос на јуни 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јуни 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2019 година изнесува 69,5% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26,3%, недоволната странска побарувачка со 17,9% недоволната домашна побарувачка со 13,9% и неизвесното економско опкружување со 11,1%.

Фото: Pixabay