Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март

25

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март оваа година е намален за 7,7 процентни поени во однос на февруари и изнесува 15, а во однос на март минатата година е намален за 5,7 процентни поени, покажува оценката на раководителите на деловни субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2020, во однос на февруари 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на март 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2020 година изнесува 67,3% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 19,5%, недоволната странска побарувачка со 18,5, неизвесното економско опкружување со 14,8% и недоволната домашна побарувачка со 11,3%.

Фото: Pixabay