Намален прометот во индустријата во април

11

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2017, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 7,3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 1,4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 24,7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4%.

Прометот во индустријата во април 2017 година, во однос на март 2017 година, е намален за 13,4%, додека во периодот јануари – април 2017 година, во однос на периодот јануари – април 2016 година, е зголемен за 8%.