Намален прометот во индустријата во јануари

22

Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,9%, додека во однос претходниот месец е намален за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 1,1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 25%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 30,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 53,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.