Намален прометот во трговијата на мало во септември

16

Во трговијата на мало во септември, во однос на истиот период лани, е забележан пад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало, во септември 2020 година, во споредба со септември 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 2,3%, а реално за 5,3%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12,8%, а реално за 13,2%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8%, а реално за 9,6%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 30,1%, а реално за 20,9%).

Фото: Freepik