Намалена ликвидноста на банкарскиот сектор во јуни

20

Ликвидноста на банкарскиот сектор во јуни бележи намалување на месечно ниво, се наведува во Извештајот за најновите макроекономски показатели за јули на Народна банка на Македонија.

Од аспект на тековите на креирање и повлекување ликвидност, како што се наведува, во јуни креирањето на ликвидност се изврши преку трансакции на државата (преку намалување на денарските депозити на државата кај НБРМ).

Во текот на мај, според Извештајот, се забележува намалување на вкупните депозити, наспроти нивниот месечен раст во претходниот месец.

“Остварениот пад се должи на речиси поеднако на намалувањето на депозитите на претпријатијата и населениет, наспроти нивниот раст во претходниот месец“, стои во Извештајот на НБРМ.

Годишната стапка на раст на вкупните депозити на крајот на мај изнесува 8,4% што е под проектираниот раст од 10% за вториот квартал на 2015 година.

Остварениот годишен раст на вкупните депозити и натаму главно произлегува од зголемувањето на денарските депозити при умерен позитивен придонес на девизните депозити. Придонесот на депозитите во странска валута, умерено се намали во текот на мај во споредба со крајот на првиот квартал што доведе до мало намалување на нивното учество во вкупните депозити.