Намалени цените на угостителските услуги во септември

10

restoran-pixabay-masa

Фото: Pexels

Цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во споредба со август 2017 година, се намалени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Храна за 0,2%. Цените на угостителските услуги во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,7%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,5%.