Намалени депозитите и кредитите на компаниите во јануари

26

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во текот на јануари, се намалени за 4,6%. Оваа промена речиси во целост се должи на падот кај депозитните пари, во услови на пад и кај останатите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута коишто остварија раст, покажуваат податоците на Народна банка.

На годишна основа депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2%, во најголем дел поради растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на денарските краткорочни депозити.

Кредитите на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 0,7%, којшто анализирано по валутната структура во поголем дел произлегува од намаленото кредитирање во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 3,2%, под влијание на поизразениот раст на кредитирањето во странска валута (учество од 77,4%). Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јануари изнесува 5,2%.

Фото: Pexels