Намалени трошоците на живот и цените на мало во јуни

17

Фото: Pixabay

Трошоците на живот во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, додека кај цените на мало има пад од 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20,3%, трбушките за 0,5%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3%, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,5%, течните горива за домаќинствата за 2,4%, средствата за чистење и одржување на станот за 1,7%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,5%, гасот за домаќинствата за 1,4%, градините, растенијата и цвеќињата за 1%, теписите и другите покривки за под за 0,9%, информатичката опрема за 0,8%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0,4%, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0,3%.

Пораст на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,9%, другите пекарски производи за 0,7%, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4%, млекото, јогуртот, јајцата за 0,3%, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0,2%.

Во јуни 2019 година, пораст на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакетаранжмани за 3,8%, авионскиот превоз на патници за 3,1%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5%, патниот сообраќај за 0,9%, автомобилите за 0,8%, услугите за сместување за 0,7%, другите медицински производи за 0,6%, големите електрични апарати за домаќинствата, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-а, филмовите за 0,3%, обувките, телефонските и телефакс-апарати и телефонските и телефакс-услуги за 0,2%.

Трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, бележат пораст од 0,3%, а цените на мало се на исто ниво како и минатиот месец.