Намалено индустриското производство во април

19

fabrika-pixabay

Фото: Pixabay

Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 2,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и
Производство на електрична опрема.

Според главните индустриски групи, производството во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,4% и Капитални производи за 2,8% додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – април 2017 година, во однос на периодот јануари – април 2016 година, е намалено за 1,6%.