Намалено индустриското производство во декември

16

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Индустриското производство во декември лани, во споредба со истиот период во 2016 година, е намалено за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст од 1,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи и Производство на метали.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај Капитални производи за 22,4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 46,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8%.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, е зголемено за 0,2%.