Наместо еден по грешка порачал 27 Tesla автомобили

125

Пандемијата предизвика пораст на онлајн трговијата поради голем број предности, но сепак треба внимателно да се следи целиот процес на порачување од интернет.

За тоа е сведок и еден Германец кој сакал да си порача електричен автомобил Tesla, но поради информатичка грешка тој наместо еден порачал 27 возила на Tesla Model 3. Поради грешката, купувачот добивал порака дека продажбата не е направена и тоа така се повторувало 27 пати, па наместо 52.000 евра за едно возило, тој потврдил дека купува 27 автомобили по цена од 1,4 милиони евра. Но, да биде ситуацијата уште полоша, нарачката можело да се откаже само ако плати 2.600 евра.

Сепак, вработените во Tesla покажале разбирање и овозможиле да си купи само еден автомобил. Но, истиот ден и други заинтересирани купувачи се соочиле со истиот проблем.

Фото: Facebook