Наместо од банка, позајмуваат од мафијата

80

Во услови кога владее пандемија, растат активностите на организираниот криминал, што се однесуваат на готовински заеми, продажба на фалсификувана заштитна опрема и изнуда од голем број Италијанци.

Пандемијата погоди скоро три четвртини од компаниите во Италија, а меѓу 50.000 и 100.000 компании очекуваат финансиска помош. Но, наместо државна поддршка, тие бараат финансиски спас во мафијата, не размислувајќи дека задоцнетата исплата на долгот може да се плати и со живот.

За весникот Vice, сопственик на фирма во Италија сведочи како позајмил 55.000 долари од локални мафијаши, па заедно со камата морал да врати 170.000 долари.

“Во овој момент не гледам начин како да го вратам долгот. На почетокот побарав финансиска поддршка од легалните институции, но не успеав да добијам. Морав да барам друго решение. Сега може да ме повредат на 101 начин. Знаат каде сум, знаат каде е моето семејство“, вели бизнисменот кој сака да остане анонимен.

Нема податоци за тоа колку италијански фирми соработуваат со мафијата. Од друга страна, италијанската влада подготви пакет државна помош што треба да им помогне на компаниите да ја надминат кризата со 435 милијарди долари.

Фото: Freepik