Нашата задача е создавање на лојални Дрим гости, затоа што само задоволен гостин е лојален гостин

102
ana
Ана Јанчева, хотел менаџер на Дрим Хотели

Свесни сме за фактот што многу од туристите поради пристапноста на цените одат на одмор во околните држави, но обемноста на нашата понуда ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови.

БИ: Хотел Дрим неодамна е целосно реновиран. Со колкав капацитет располага во моментов?

ИНЕКС ДРИМ АД Струга, која континуирано егзистира веќе 36 години, е составена од три делa: Хотел Дрим****, Хотел Београд*** и Камп АС.

Хотел Дрим веќе 36 години е составен и уникатен дел од туризмот и угостителството во Македонија. Секоја од овие 36 години се работи на константно подобрување на изгледот, дизајнот, содржината и анимацијата во истиот, се со цел хотелот да е совршено место за одмор, релаксација, бизнис настани и конференции. Хотелот има 186 стилски уредени супериор соби, 10 фамилијарни апартмани и 4 луксузни бизнис апартмани, со што се вбројуваме во еден од најголемите сместувачки капацитети во Македонија. Со своите 7 сали кои во ист момент можат да сместат 600 луѓе, хотелот се издвојува како исклучителен домаќин на многу интернационални и домашни настани. Секако, хотелот е домаќин и на многу фамилијарни веселби, бидејќи со своите исклучителни капацитети и за надворешни и за внатрешни случувања, хотелот е дел и од најбитната ноќ во животот на многу луѓе.

БИ: Какви новитети имате за оваа летна сезона?

Тимот на хотелот континуирано и посветено работи на приближување на нашата понуда и до домашните гости, со креирање на најразлични пакети кои би го направиле одморот stress-free. Свесни сме за фактот што многу од туристите поради пристапноста на цените одат на одмор во околните држави, но обемноста на нашата понуда ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Во last minute понудите освен намалувањето на цените, се вклучени и содржини кои хотелот ги нуди: специјално селектирано Дрим вино (0.75) со пакетот за 5 ноќевања на база полупансион (160€ по лице), 60 минутна масажа на нашиот отворен базен со пакетот за 7 ноќевања на база полупансион (214€ по лице), Романтична вечера на плажа + 10% попуст на сите останати услуги за 10 ноќевања на база полупансион (290€ по лице) и Македонска вечер (со неограничена храна и пијалок + фолклор + етно музика) за 14 ноќевања на база на полупансион (378€ по лице). Исто така, за оние кои можеби немаат време за подолг престој, креиравме и пакет за Романтичен викенд кој вклучува вечера на свеќи на плажа и 2 полупансиони по цена од 69€ по лице.

БИ: Кои се Ваши најчести гости? Дали доаѓаат повеќе странски или домашни туристи?

Drim RecepcijaПоради отвореноста на хотелот кон странските пазари, секако повисокиот стандард кој го имаат, а и поради географската местоположба на Македонија како одлична транзит земја и можност за посета на повеќе балкански држави од ист центар, повеќе од 80% од вкупниот број на гости во хотелот се странци и тоа најголемиот дел од нив се од Холандија, Турција, Грција и Австрија, а поради голем број на семинари и конгреси значително зголемување имаме и во бројот на домашни гости. Годинава за прв пат со чартер летови започнаа да доаѓаат и гости од Австрија и Германија, за кои веќе од следната година се очекува зголемување во бројот на летови на неделно ниво.

БИ: Што очекувате од оваа туристичка сезона?

Со оглед на тоа што кај нас туристичката сезона започна со доаѓањето најпрво на австриските гости, а потоа и на Холанѓаните во почетокот на мај, очекуваме пораст во бројот на ноќевања за разлика од минатата година. Секако, бидејќи сме во голем дел зависни и од временските услови, се надеваме дека и времето ќе не послужи за остварување на што подобри резултати.

БИ: Што е со останатите месеци надвор од летната сезона, колкава е посетеноста и пополнетоста на капацитетот?HotelDrim60068Од мај до октомври хотелот работи со полна пареа. Традиционално во месеците мај, јуни, септември и октомври веќе започнуваат и семинарите, така што исполнетоста во овие 6 месеци од годината е над 80%. Во останатите месеци од годината се трудиме да таргетираме настани и конференции бидејќи поради временските услови и бројот на туристи, како и интересот се намалува. Работиме на идејата и на пакети за анимација на туристите вон сезона, од ноември до март, пакети кои ќе го вклучуваат регионот не само на Струга и Охрид, туку и скијачките центри и бањите, но сепак се уште работиме на креирањето и лоцирањето на посебните таргет групи, се со цел за креирање на пакет кој ќе е директно присопособен на желбите и очекувањата на потенцијалните туристи. Секако, во овој период се и посетите на туристичките саеми на кои сме редовни учесници повеќе години наназад, посети кои ги користиме за запознавање на нови, но и продлабочување на односите со веќе традиционалните партнери.

БИ: На кој начин ги привлекувате туристите? Дали сте повеќе насочени кон привлекување на странски или домашни туристи?

Целиот менаџмент работи на лоцирање на посебни таргет групи и интереси за секој период од годината. Креираме план за работа и маркетинг план, кој посебно се осврнува на посебните целни групи и започнуваме со активности уште пред почетокот на календарската година. Од септември започнуваме со формирање на цени за наредната календарска година, како за групи и индивидуалци, така и за семинари. Поради големината на капацитетот со кој располагаме, индивидуалните резервации се незначителни, но затоа посветуваме особено внимание на туристичките агенции и туроператори со кои потпишуваме годишни договори. Цените се дистрибуирани до агенциите како информација за следната година. Од октомври веќе започнуваме со контакт и промоција на хотелот кај компаниите, невладините организации и сите останати здруженија кои во својата програма имаат настани, збиднувања, конгреси и семинари. Се трудиме да бидеме присутни на сите социјални медиуми како една од најбитните алатки за маркетингот на денешницата. Во текот на зимските месеци ги посетуваме туристичките саеми, каде што имаме состаноци и потпишуваме договори за соработка со останати туристички агенции со кои претходно не сме имале соработка, или со партнери со кои веќе сме работеле, како можност за продлабочување на истата. Веќе од април започнуваме со in-house ангажманот, односно со практична организација и координација на настаните. Константно работиме на обуки и доусовршување на service-oriented пристапот на нашиот персонал, бидејќи само со љубов кон работата, можеме да имаме задоволни гости.

Drim Loby

БИ: Имате некакви програми за анимирање на гостите?

Хотелот креира неделна програма која се дистрибуира до сите гости, како информатор за сите збиднувања на сите локации од хотелот. Освен за збиднувањата во хотелот како што се Караоке, жива музика на плажа и на отворениот базен, жива музика во Националниот ресторан Струшки Кепенци, турнири во пинг понг, одбојка и куглање, Beer Pong, Be a cook, Body massage и многу други, нудиме и информации во однос на екскурзии, 5 нешта кои морате да ги видите за време на Вашиот престој. Не само што ги анимираме гостите во хотелот, туку им нудиме и можност да ја запознаат и околината, пештерските цркви, изворите во Вевчани, да ја вкусат рибата во Радожда, да видат дека ние сме designed to make you happy (создадени да Ве направиме среќни), што впрочем е и нашето мото. Исто така, секој вторник и петок на терасата на ресторанот во Хотел Београд организираме Peter’s Party со Peter Jon Bosse. Во хотелот има и детско катче Дримленд, каде има и лице задолжено за безбедноста и анимацијата на децата. Едноставно се трудиме комплетно да им го исполниме денот со активности на сите гости и за сечиј вкус.

Restoran Kepenci 2

БИ: Според ваши сознанија, од што се најзадоволни гостите?

Според прашалниците кои ги пополнуваат гостите во самиот хотел, а и според коментарите на сајтовите www.zoover.com и www.booking.com, гостите се најзадоволни од локацијата на хотелот, гостопримството на персоналот, хигиената во и надвор од собите, како и од храната. И покрај позитивните критики, хотелот константно работи на подобрување на овие, како и на другите делови од самото работење.

БИ: Во која насока планирате да се движите во иднина? Какви се Вашите планови?

A2Хотелот не би бил денес тоа што е, доколку во изминатите 36 години не се мислело на подобрување, унапредување и константно надоградување. Трендот не планираме да го запреме и тоа не само од аспект на тековно одржување и реновирање на капацитетите, туку и на обука, надградба и константно усовршување на персоналот. Знаете како: задоволен персонал води кон задоволен гостин, а задоволен гостин е лојален гостин. Ние работиме за создавање на лојални Дрим гости, задача која е навистина тешка, но во исто време и крајно амбициозна и мотивирачка. Амбициозноста и ентузијазмот секогаш ни даваат нови предизвици, на кои константно работиме. Плановите за во иднина секако не врзуваат со стратегија за развој и на вон-сезонската понуда, на која веќе некое време работиме. Ние живееме и постоиме за и од задоволните гости. Нивните комплименти и позивитни критики не прават уште подобри утре.