Наскоро почнува да се гради првиот хотел во вселената

47

Патувањето во вселената повеќе нема да биде резервирано само за астронаутите. Милијардерите сè повеќе му посветуваат внимание на космосот, а богатите и славните ги резервираат првите билети за комерцијални летови.

Сега, можно е да се испланира одмор надвор од Земјата, благодарение на првиот хотел во вселената во светот, којшто треба да се отвори во 2027 година.

Orbital Assembly Corporation (OAC), компанијата која стои зад амбициозниот проект откри нови детали за хотелот.
Луксузниот Voyager Station ќе може да прими 400 лица. Хотелот ќе нуди врвни ресторани и барови, теретани, центар за разни активности, музички концерти и слично.

Сепак, ова незаборавно искуство ќе може да си го дозволат само оние кои имаат да одвојат 25 милиони долари.

Фото: Printscreen YouTube