Наскоро резервација на патување и преку Skype

24

skype 1

Корисниците на Skype наскоро би можеле да ја користат оваа платформа не само за допишување и видео разговори, туку за резервации на патување, планирање и распоред на секојдневните обврски, како и користење на гласовниот асистент на Microsoft – Cortana, пишува The Verge.

Американската технолошка компанија Microsoft ги најави овие промени во текот на конференцијата за развој.

Skype би требало со помош на алгоритам да добие информации со кој сервис или компанија корисникот би сакал да стапи во контакт. Тоа ќе биде овозможено со таканаречениот third party boot, којшто ќе биде интегриран во рамки на разговорот, а би требало да престане со работа во моментот кога корисникот ќе ја заврши конверзацијата.