
Компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ, која важи за акционер со значајно учество во Реплек АД Скопје, ја намали својата сопственост во акционерската структура на компанијата, покажуваат податоците објавени на Македонската берза.
Согласно Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонска берза, Реплек информира дека НАСТЕЛ продал 9 обични акции, по што неговото учество се намалило на 16.236 акции, што претставува 6,26% од вкупниот број на издадени акции на фармацевтската компанија.














