Настел продаде 70 акции од Реплек – уделот сега 6,33%

Компанијата Настел ДООЕЛ, која е акционер со значителен удел во Реплек АД Скопје, изврши продажба на 70 акции, соопшти Реплек преку Македонска берза.

Со оваа трансакција, Настел сега поседува вкупно 16.396 акции, што претставува 6,33% од вкупниот број акции на фармацевтската компанија. Продажбата е пријавена согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза, како ценовно чувствителна информација.
Просечната цена по која се тргуваше вчера акцијата на Реплек изнесува 15.510,02 денари.