Natick – подводен центар за податоци на Microsoft

30

natick

Технолошкиот гигант Microsoft го развива проектот Natick чија цел ќе биде изградба на инфраструктура и управување со центар за податоци под вода.

Првиот прототип на експериментална капсула е направена минатата година, а го носи името Leona Philpot. Капсулата била поставена во Пацификот, во близина на крајбрежјето на Калифорнија на длабочина од девет метри, а под вода поминала четири месеци.

Компјутерите поставени во капсулата би требало да се менуваат на пет години, но со текот на времето би можеле да издржат под вода и над 20 години.

Многумина веруваат дека ова може да ја наруши рамнотежата на морскиот свет, но од Microsoft уверуваат дека во тест периодот не се забележани никакви проблеми меѓу капсулата и биодиверзитетот во океанот.