Научници од САД креираа водородно гориво од морска вода

180

Научници од Универзитетот Стенфорд пронајдоа начин како да генерираат водородно гориво од морска вода, со помош на сончева енергија и електроди.

Тимот со помош на специјална направа, успеа да ги одвои водородот и кислородот од морската вода преку струја. Постоечките методи за одвојување на овие гасови се прават само со прочистена вода, што како процес е прилично скап и се искористува значаен ресурс.

Од друга страна, водородот е примамлива опција за добивање на гориво од причина што не емитува јаглерод диоксид. Со негово согорување се добива само вода и на тој начин се зачувува и животната средина.

Научниците поставија комбинација од никел – железо хидроксид и никел сулфид на направата, со што создадоа бариера за да се забави процесот на распаѓање на основниот метал.

Без облогата од никел, направата за разложување на водата би траела само 12 часа пред да се случи корозија поради морската вода. Благодарение на слојот од никел, таа може да трае повеќе од илјада часови.

Фото: Stanford