Наутичкиот туризам им одолева на предизвиците од пандемијата

20

Над 50.000 гости за првомајските празници престојуваат во Хрватска, а од нив над 30.000 се странски и тоа најмногу Словенци, Германци и Полјаци. Наутичкиот туризам во Хрватска, како што пренесува ХРТ, им одолева на предизвиците од пандемијата, бидејќи минатата година оствари одлични резултати, а за годинава се очекуваат уште подобри и тоа со ознаката Safe Stay in Croatia.

Наутичкиот туризам, како што се наведува, се покажа совршено во време на пандемијата, бидејќи патниците на бродовите го имаат целиот луксуз и тоа без да имаат контакт со други луѓе.

Оваа сезона очекувањата се дека би ја надминала минатата година за најмалку 10%, имајќи предвид дека голем број луѓе веќе ја поминале болеста или се вакцинирани, па ќе имаат прилика да патуваат.

Фото: Pexels