Наутичкиот туризам отпорен на кризата од пандемијата

21

Наутичкиот туризам во оваа кризна година, одбележана од пандемијата на коронавирусот, докажа дека е исклучително отпорен и тоа е голема предност во однос на конкуренцијата во Хрватска, пишува Novac.hr.

“Покажавме дека и во невозможни услови, како што се овие, можеме да пружиме услуги што нудат сигурност. Затоа успехот на наутичкиот туризам мора да го искористиме за да се спремиме за следната година. Сигурен сум дека може да оствариме одличен резултат“, рече Тончи Главина, секретар во хрватското министерство за туризам и спорт.

Наутиката, како што се наведува, не е само рекреација и забава и затоа треба да стане дејност што ќе има свој придонес во севкупниот туризам.

Фото: Freepik