Наутичкиот туризам во Хрватска со добри резултати

47

Хрватската наутика бележи добри резултати, особено во јули. Ако се исклучат податоците од мини крузерите, вкупниот пад од почетокот на годината е 59%, додека во јули е забележан пад од само 25%, пренесува Seebiz.

“Промените во структурата на гостите е огромна, на подрачјето на Шибеник скоро и да нема Американци, Англичани, Французи и Скандинавци, но затоа тука се Хрвати, Словенци, Австријци и Германци. Северниот дел од Јадранот има најмали загуби, а како одиме јужно така и состојбата е потешка. Дубровник е целосно отсечен“, вели Пешко Клисовиќ, претседател на Здружението на даватели на услуги за сместување на пловни објекти.

Вкупниот број на таканаречени чартер гости е намален за 65%, така што до јули оваа година има 112.810 гости, додека во истиот период лани таа бројка била 317.700.

Од почетокот на годината до 30-ти јули се забележани 28.400 странски јахти и бродови, што е 67% во однос на лани, кога имало 42.700. Кај јахтите подолги од 20 метри се бележат уште подобри резултати – 669 во оваа година, што е 83% во однос на 2019 година, кога се евидентирани 780 доаѓања.

Фото: Freepik