Навики на успешните млади претприемачи

135

Иако немаат огромно искуство зад себе, младите претприемачи кои редат големи успеси, имаат некои навики што им се заеднички.

Постојано учат

Можеби не поминале многу години откако ги напуштиле училишните клупи, сепак постојано се во потрага по нови знаења, вмрежување со поискусни соработници, проширување на соработката… “Жедни“ се за нови знаења, ги следат трендовите, сакаат да бидат иновативни и сите тие новитети сакаат да ги вклопат во својот бизнис.

Прифаќаат промени, но и критики

Промените ги прифаќаат како природен тек на работите, не се плашат од непознато, ги сакаат предизвиците и тоа е составен дел од секојдневната рутина. Во исто време, секогаш се отворени за консултации со постари и поискусни колеги, но и за нивните добронамерни критики. Ги прифаќаат советите, затоа што сметаат дека така стануваат подобри професионалци и можат да придонесат повеќе за личен и за развој на компанијата.

Флексибилност и непосредност

Нивната младост не значи наивност, туку желба да бидат флексибилни, да се прилагодат на ситуациите што доаѓаат од непосредната околина. Таков е и односот со што градат со своите колеги, покажувајќи им дека се толерантни и за нивните приватни потреби, како и за желбата за професионална надоградба. Непосредната комуникација ги прави да бидат достапни за својот тим во секое време, да се чувствува пријатна атмосфера на работа, што директно ја зголемува нивната продуктивност и креативност.

Многу повеќе слушаат одошто зборуваат

Иако секој човек е различен, младите и успешни претприемачи секогаш имаат време да ги сослушаат проблемите, предлозите и идеите на членовите од тимот. Ги поттикнуваат колегите да зборуваат, да ги артикулираат нивните идеи и на таков начин да дојдат до посакуваниот ефект.

Фото: Pexels