НБА на секој клуб му дава по 30 милиони долари

31

Во пресрет на новата сезона, која започнува на 22 декември, кошаркарската НБА лига ќе му даде на секој клуб 30 милиони долари за одржување на ликвидноста во време кога приходите им се намалени поради пандемијата на коронавирусот, објавија американските медиуми.

НБА лигата ќе потроши 900 милиони долари за 30 клубови, кои ги собра со продажба на обврзници кои ќе доспеат за три односно четири години.

Лигата не ја објави каматната стапка на обврзниците, но напомена дека купувачи се осигурителни компании и институционални инвеститори.

Фото: Pixabay