НБРМ: Електронско банкарство за платен промет со странство за потребите на државата

26

nbrm-logo-pocetna

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во континуитет реализира проекти во насока на повисок степен на дигитализација на македонското општество. Во тие рамки, Народната банка реализира проект за електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи, стои во соопштението.

Целта на проектот, како што се наведува, е зголемување на квалитетот и ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции.

“За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации, на коишто присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина“, стои подолу во соопштението.

Новата услуга на Народната банка ќе биде достапна од април 2017 година, а истата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.