НБРМ ја организира петтата меѓународна истражувачка конференција

25

Народната банка на Република Македонија на седми и осми април ја организира Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките, што ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје.

Оваа конференција, којашто традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, а оваа година е во знакот на одбележувањето и на 70 години од централнобанкарските активности во Република Македонија, на едно место ќе ги спои истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките и ќе обезбеди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.