НБРМ ја организира шестата меѓународна истражувачка конференција

33

nbrm-logo-pocetna

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена како: Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара “новата нормала“.

Новина оваа година е тоа што Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија ќе се организира во рамките на заеднички настан со Лондонската школа за економија, ЛСЕЕ ‒ Истражување за Југоисточна Европа и нивната конференција насловена како: Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа. Овој заеднички настан ќе се одржи во периодот од петти до седми април 2017 година во хотелот Холидеј ин, во Скопје.

Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, a оваа година е во знакот на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од овој настан. По повод овој јубилеј, на почетокот на Конференцијата ќе се одржи панел дискусија посветена на процесот на транзицијата во регионот, на којашто ќе учествуваат високи претставници од меѓународните финансиски организации, академските институции и централните банки.

Воедно, на Конференцијата ќе бидат презентирани истражувачки трудови на претставници од централните банки и академските институции од регионот и пошироко. Оваа конференција вообичаено ги спојува истражувачите од централните банки и академската заедница и обезбедува дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.