НБРМ: Кредитната активност продолжи да расте и во јуни

26

nbrm-logo-pocetna

Кредитната активност и во јуни продолжи да расте со солидно темпо, при раст на кредитната поддршка и на корпоративниот сектор и на населението. Нивото на кредитите на крајот на јуни е над очекуваното, беше утврдено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

Прелиминарните декадни податоци со јуни 2017 година покажуваат зголемување на вкупните депозити на месечна основа, наспроти нивното намалување во текот на претходните пет месеци. Месечниот раст во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитите на домаќинствата, а умерен придонес кон месечниот раст имаа и корпоративните депозити. Нивото на вкупните депозити е под проекциите за второто тримесечје, но овој јаз постепено се стеснуваше во текот на кварталот. Сумирано, на седницата беше заклучено дека постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици, укажуваат дека засега постојната монетарна поставеност е соодветна.