НБРМ: Одземена дозволата на штедилница Мак БС заради преобразба во финансиско друштво

130

nbrm-logo-pocetna

Со решение на гувернерот на Народната банка на Република Македонија, на штедилницата Мак БС од Скопје ѝ е одземена дозволата за основање и работење заради нејзина преобразба во финансиско друштво, стои во соопштението на НБРМ.

Врз основа на издадената дозвола од страна на Министерството за финансии, како што се наведува, овој субјект ќе продолжи да работи со назив Финансиски кредитен центар БС ДОО Скопје.