НБРМ организира меѓународна конференција за монетарна политика и управување со финансиски средства

22

nbrm-logo-pocetnaНародната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз, Франција  (The Reinventing Bretton Woods Committee – RBWC) организира меѓународна конференција на којашто фокусот на учесниците ќе се насочи кон најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина.

Конференцијата ќе се одржи на 16 февруари 2018 година во Мериот хотел во Скопје, стои во соопштението.

Целта на Конференцијата е да се оценат тековната состојба и идните изгледи на глобалната економија, и во тој контекст, да се открие со кои предизвици се соочуваат централните банки при остварувањето на нивните цели за одржување на ценовната и на финансиската стабилност.

Конференцијата е наменета за претставници на централните банки, меѓународните финансиски институции, глобалните банки и домашните финансиски и инвестициски институции. На конференцијата се очекува присуство на високи претставници на релевантни меѓународни финансиски институции, академскиот свет и глобалните банки, како и гувернери на централните банки, што ќе овозможи плодотворни дискусии и размена на искуства на сите учесници.