НБРМ пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели

53

oven_-_avers1-1

Фото: НБРМ

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели Риби и Овен од серијата Хороскопски знаци, стои во соопштението.

Кованата пара Риби од серијата Хороскопски знаци ги има следниве карактеристики:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – 2018. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: Република Македонија и 100 денари.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на риби од ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES и ознаката Ag 925.

Кованата пара Овен од серијата  Хороскопски знаци ги има следниве карактеристики:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – 2018. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: Република Македонија и 100 денари.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES и ознаката Ag925.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованата пара Риби и на кованата пара Овен изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.