НБРМ: Раст на кредитите во март

26

nbrm-2

Вкупните кредити во март остварија месечно зголемување од 1,2%, при месечен кредитен раст кај двата сектора, малку поизразен кај секторот домаќинства, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

На годишна основа кредитниот раст стагнира, но треба да се има предвид дека годишните промени на кредитите ги одразуваат и ефектите од Одлуката на Народната банка во однос на нефункционалните пласмани, при што без овој ефект годишниот кредитен раст во март изнесува 6,3%.

Вкупните депозити во овој месец, како што се наведува, бележат месечна надолна промена од 0,3%, во услови кога намалувањето кај депозитите на домаќинствата го надминува растот на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 4,2%, при раст на депозитите на двата сектора, поизразен на страната на корпоративниот сектор.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, бележат месечно зголемување од 0,8%, во целост заради краткорочните депозити во странска валута, при намалување на денарските депозити (пред сѐ депозитните пари). На годишна основа, корпоративните депозити бележат раст од 8,8%, со придонес на денарските и девизните депозити во годишната промена од 59,2% и 40,8% соодветно.

Во март, вкупните кредити на корпоративниот сектор остварија месечен раст од 1,1%, со речиси идентичен придонес на денарските и девизните кредити во промената. Споредено на годишна основа, кредитната активност кон корпоративниот сектор е намалена за 5,2%, во поголем дел заради кредитите одобрени во странска валута. Сепак, доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во март бележат годишен раст од 2,9%