НБРМ: Умерено нето олеснување на кредитните услови за фирмите во вториот квартал

20

Како и во првите три месеци од 2015 година, кредитните услови на претпријатијата во второто тримесечје забележаа умерено нето – олеснување, при што нето – процентот се задржи речиси непроменет од -10,2 во првиот квартал на – 10,9 во вториот квартал, се вели во Анкетата за кредитна активност во вториот квартал на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

“Сепак, најголем дел од банките и натаму укажуваат на непроменетост на кредитните услови на овој пазарен сегмент. Во наредниот период, очекувањата на банките се во насока на натамошно нето – олеснување на кредитните услови кај сите типови на кредити, со речиси иста динамика како и во минатата анкета“, се вели во Анкетата.

Во второто тримесечје се забележува натамошно нето – зголемување на побарувачката на корпоративни кредити, и тоа во поголем обем споредено со претходната анкета. Така, нето – процентот бележи поместување од 17,4 во првиот квартал, на 31,1 во вторито квартал од 2015 година.

И во наредниот период, банките очекуваат натамошно нето – зголемување на побарувачката на корпоративните кредити.