НБРМ: Вкупните девизни резерви 2,1 милијарди евра на крајот на јули

19

Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година достигнаа вредност од 2.198.310.000 евра, додека претходниот месец беа на ниво од 2.254.840.000 евра, покажуваа податоците на Народна банка на Македонија.

На крајот на јули минатата година вкупните девизни резерви достигнаа 2.377.200.000 евра.

Од вкупниот износ на девизните резерви, 1.977.900.000 евра отпаѓаат на хартии од вредност, на валути и депозити 241.110.000 евра, додека златните резерви се позиционираа на ниво од 215.590.000 евра.