НБС: Оштетените динари да се заменуваат без надомест

27

dinari

Народната банка на Србија (НБС) им порача на банките, на фирмите и на граѓаните од подрачјата загрозени со поплавите, оштетените динари да им ги заменуваат без надомест. НБС препорачува оваа можност да постои до 31 август.

Централната банка оваа препорака ја упати кон банките имајќи ја во предвид очекуваната појава дека голем број динарски банкноти ќе бидат оштетени во оваа природна катастрофа, пишуваат српските медиуми.