(Не) задоволство од работа

194

Вработените во Индија се најмногу задоволни од работата што ја работат, а Јапонците се на сосема спротивната страна по задоволство од работното место. Ова го покажува извештајот на Randstad Workmonitor, што вклучува истражување на 13.600 испитаници во 34 земји.

Вработените во Индија имаат највисок процент (89%) за задоволство од работното место. Зад нив се вработените во Мексико (85%), додека на трето место се САД со 78%.

Од друга страна, само 42% од вработените во Јапонија се задоволни од работата.

На прашањето дали очекуваат вработените да бидат достапни и по завршување на работното време, резултатите покажуваат дека потврден одговор дале: Кина (89% од испитаниците), Индија (85%), Турција (80%), додека најмал е процентот во овие земји: Јапонија (37%), Данска и Шведска (по 39%).

Податоците велат и дека 92% од вработените во Индија веднаш одговараат на повици, пораки и мејлови по завршување на работното време. Висок е процентот и во овие земји: Кина (85%) и Турција (78%), додека најнизок е процентот во: Холандија (38%), Јапонија и Данска (по 43%).

Фото: Freepik