Недостиг на работна сила – на Австрија ѝ фалат 100.000 негуватели

31

Реформите во областа на грижа за стари лица и изнемоштени лица и состојбата на пазарот на трудот беа централните теми на прес-конференција што ја одржаа во Виена министерот за здравство и социјална заштита Рудолф Аншобер и министерот за труд Кристин Ашбахер.

Аншобер најави реформа во областа на грижата за стари лица и изнемоштени лица.

“До крајот на јануари, сеопфатниот и суштински пакет мерки треба да биде подготвен“, рече Аншобер. Тој истакна дека во Австрија медицинскиот персонал е дефицитарна работна сила.

“Во моментов имаме 127. 000 луѓе кои работат во областа на грижата за стари лица и изнемоштени лица, но повеќе од 30% се постари од 50 години и ќе се пензионираат за околу 10 години“, рече австрискиот министер за социјална заштита и додаде дека до 2030 година ќе им треба околу 100.000 нови негователи.

Аншобер утврди дека тоа може да се постигне само со “преквалификација“ или едукација на одреден број луѓе за таа професија. И со овозможување влез во областа на грижата “без никакви бариери“ со фокус на “оние 7 % кои се образовани за таа работа, но не ја вршат својата работа во моментот“, од различни причини, вклучително и финансиски.

Тој посочи на потребата од зголемување на платите на вработените, кои се неопходни во областа на здравството и грижата. Министерот за труд Ашбахер рече дека владата издвои 700 милиони евра за спасување и отворање нови работни места.

Фото: Pixabay