Неколку совети за помалку главоболки од кредитите

28

Paperwork

Живот на кредит… Се почесто ја слушаме оваа фраза кај луѓето кои се обидуваат финансиските проблеми да ги амортизираат со поволен кредит или користење на кредитна картичка. Во моментот кога парите ви се повеќе од потребни, мора да бидете внимателни пред да го направите вистинскиот избор. Мора добро да размислите, да направите анализа пред да го пополните и потпишете барањето за кредит во вашата банка.

Доколку средствата со кои располага вашиот семеен буџет не се доволни, на пример, за реновирање на вашиот дом, купување автомобил, патување…, тогаш почнете со анализа на кредитите и условите што ги нудат банките.

Дали навистина ви е неопходен кредит?

prazno

Човечките желби растат постојано, но пред да го направите првиот чекор кон најблиската банка, најдобро е да дадете одговор на прашањата – Дали навистина е неопходен кредитот? Дали може да почека уште некое време, додека не се стабилизираат приходи? Дали може да го адаптираме она со што располагаме без да создаваме нови трошоци, а со тоа и дополнителни главоболки? Поголемиот дел од кредитите се за период од една и повеќе години, така што мора да се води сметка и за тоа дали и во иднина ќе имате на располагање доволно приходи за да ја исплаќате месечната рата од кредитот. Во спротивно ќе се соочите со пенали, казнени камати, а доколку кредитот е обезбеден со недвижен или движен имот, може да дојде до активирање на хипотеката.

Ефективна каматна стапка

Variable Interest Rate

Во банкарството постојат неколку видови на каматни стапки – номиналната не го зема во предвид влијанието на инфлацијата, реалната во себе ја вклучува очекуваната инфлација, додека ефективната стапка ги одразува сите трошоци на кредитот. Па така, доколку ефективната каматна стапка на годишно ниво е пониска, кредитот ќе биде поевтин и по тоа ќе се разликува од останатите. Кај кредитите со различен период на исплата, висината на ратите не претставува вистински показател за тоа колку ќе ве чини кредитот.

Проценете сами дали сте кредитоспособни

kredit

Секој од нас добро знае со колкави приходи располага во текот на месецот и кои се просечните расходи, каде што се одлева најголем дел од средствата од семејниот буџет. Доколку од таа разлика има доволно средства да се покрие месечната рата, во тој случај може да го пополните и да го потпишете барањето за кредит, но не смеете да ја занемарите варијабилната каматна стапка, што се појавува доколку има промени во условите за исплата на кредитот.

Читајте ги ситните букви од договорите

Businessman signing contract

Банките се сериозни финансиски институции, но сепак кога се работи за вашите пари, до детал прочитајте го договорот и сето она што го содржи истиот. Кредитите со подолг рок на исплата може да имаат пониска месечна рата, но тоа не е мерило дека вкупните обврски по основ на тој кредит се пониски. Затоа, бидете внимателни и добро разгледајте ги условите што банката ги нуди, како што се едностраните измени на одредбите на договорот и дали се прецизирани услови под кои банката може да направи таков чекор.