Нема помош за компаниите регистрирани во даночните раеви

45

Данска е меѓу првите земји којашто забрани компаниите кои се регистрирани во некои земји од “даночните раеви“, да добијат финансиска помош поради кризата предизвикана од пандемијата, пренесува Reuters.

По милијардите кои ги потроши за пружање на помош на компаниите кои бележат значаен пад на приходите поради епидемијата, Данска во саботата најави нов пакет на економски мерки во износ од 14 милијарди долари, односно 100 милијарди дански круни.

Меѓутоа, врз основа на амандманите кои се воведени, компаниите кои се регистрирани во некои од земјите кои важат за “даночни раеви“ на листата на Европската унија, нема да можат веќе да се пријават за добивање на државна помош.

На оваа листа, за која властите во Данска тврдат дека не е сеопфатна, се наоѓаат 12 земји со ниска стапка на данок или без никакво оданочување, вклучувајќи ги Панама, Сејшелите и Кајманските острови.

Вкупниот износ којшто е досега издвоен за помош на економијата во оваа земја, изнесува 53 милијарди евра.

Фото: Pexels