Непроменети цените на индустриските производи на домашен пазар во декември

10

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во декември, останаа непроменети на месечно ниво, а на годишно ниво се намалени за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2016, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија, Капитални производи и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%, додека во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни
производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во декември 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.