Непроменети цените на угостителските услуги во мај

11

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 1,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,8%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.