Непроменети цените на угостителските услуги во ноември

20

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, останаа на исто ниво.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pexels