Непроменети цените на угостителските услуги во октомври

17

restoran-pixabay-masa

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1%, Алкохолни пијалаци за 0,2% и Безалкохолни пијалаци за 0,3%, додека во групата Ноќевања има намалување за 0,5%.

Цените на угостителските услуги во октомври 2017 година, во однос на истиот месец од претходната  година, се зголемени за 0,8%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,7%, додека во однос на декември 2016 година се зголемени за 0,5%.