Непроменети цените на угостителските услуги во октомври

20

Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со септември 2019 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, останаа на исто ниво.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,1%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pexels